Перез доби казна во Мајами поради доцнење

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, задоцни на парадата на возачите и за тоа беше казнет. 

Стујардите решија да му дадат опомена на Серхио Перез поради доцнењето на парадата на возачите. Мексиканецот заврши на втора позиција откако беше престигнат во 48от круг од колегата Макс Верстапен кој беше на обратна стратегија. 

Сега Верстапен води со 14 поени откако ги освои максималните 26 на трката во Мајами. 

Стујардите одлучија дека нема валидна причина за доцнењето на Перез и според правилата, доколку возач добие пет опомени ќе добие казна од 10 места на гридот. Сепак, ова се однесува само доколку четири од пет опомени се за возачки престап за разлика од престапот што го направи Перез сега. 

Тоа значи дека тој нема да го загуби второто место во Мајами и оди на Имола со 105 поени додека Верстапен има 119. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ