Перез е подготвен да се бори за пол позиција

Мексиканецот успеа да ги подобри своите времиња во двете петочни тренинг сесии, но сепак беше зад Макс Верстапен.

Серхио Перез верува дека е подготвен да се бори за пол позицијата за Големата Награда на Британија, по позитивниот петочен тренинг.

Мексиканецот го постигна второто најбрзо време во Т1, потоа беше побрз во Т2, но заврши како 4ти и имаше заостанување 0.264 секунди од најдоброто време поставено од тимскиот колега Макс Верстапен.

И покрај временската разлика во однос на неговиот тимски колега, Перез е уверен дека може да се бори за пол позиција за време на квалификациите:

Постигнавме добар напредок од Т1 до Т2, па јас сум задоволен од тоа.

Се надевам дека ќе направиме уште еден чекор напред и ќе се бориме за пол позиција, тоа ќе биде идеално.

Поголемиот дел од денот помина во разбирање на новата конструкција на пневматиците претставена од Пирели, при што Перез призна дека ќе треба повеќе време за да се анализира како тоа влијае на поставувањето на нивниот болид.

Беше многу интересен ден додека се обидувавме да ги научиме новите пнемватици.

Ќе треба повеќе време да дознаам како е најдобро да се управува со овие гуми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ