Перез е сигурен дека може да победи и на нормална патека

Серхио Перез е сигурен дека не е специјалист само за улични патеки, туку може да биде во добра форма и на нормални патеки. 

Мексиканецот победи низ улиците на Баку и е во борба за титулата против колегата Верстапен. Пет од шест негови победи се на улични патеки и многумина се прашуваат дали може да победи и на нормална патека. Но, тој верува дека напредувал и дека може да го победи Верстапен. 

Причината што сум толку добар на вакви патеки е бидејќи знам повеќе да си играм со болидот од вообичаеното. Не гледам причина зошто да не го направам истото и на другите патеки – смета чеко.

Тој вели дека конечно го знае лимитот на болидот и справувањето со близината до ѕидовите е клучно за уличните патеки. 

мислам дека на уличните трки сум посилен само поради притисокот. Мора да се најде начин да се справиш со притисокот за да не правиш грешки. Мала грешка на нормална патека не ти прави ништо, Но на улица тоа не е дозоволено. Затоа имам повеќе самодоверба.

На крајот на денот, во Баку победив поради брзината и не е важно дали е улична или нормална патека. Верувам дека тимот ми дава поддршка исто како на Макс и така е од почетокот на сезоната. Го ценам тоа што го правиме со Ред Бул. Лесно е да се постават тимски наредби за да се внимава на болидите, но ова е издржлив болид. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ