Перез: Заслужена победа

Серхио Перез смета дека шокантната прва победа за него во Формула 1 кариерата била целосно заслужена откако ги искористил грешките на Мерцедес за да дојде до победа за себе и својот тим.

Мексиканецот беше последен по крајот на првиот круг откако беше удрен од Шарл Леклер на 4та кривина, но дојде до гаража и промени делови и гуми, се бореше, менаџираше и на крајот победи не доволувајќи никој да му е приближи по последниот рестарт.

По последното бебедносно возило кое на патеката излезе поради предното крило на Џек Аиткен од Вилијамс, Перез беше на 3то место, но тогаш дојдоа на сила “мудролиите“ на Мерцедес кои сакаа двојна промена на гуми иако беа со 20-тина кругови стари хард и тоа им се удри од глава. Мерцедес му го поклони водството на Рејсинг Поинт, а Чеко тоа многу добро знаеше да го искористи, поведе на 19 кругови пред крајот и рутински финишираше.

Мала закана беше Џорџ Расел кој му се приближуваше, но следуваше дупната гума кај младиот британец по што непречен и незагрозен од никого, Чеко триумфираше.

Победата беше прва за Перез по онаа од 2010 година, но во ГП2 тркачката серија во Абу Даби, а со неа постави нов рекорд од најмногу трки до преиерна Формула 1 победа, вкупно 190 пред триумф.

немам зборови, се надевам дека не сонувам затоа што толку долго сонував за вакво нешто, можеби 10 години. неверојатно е.

не знам што да кажам затоа што по првиот круг мислам дека повторно се тргна наопаку, исто како и минатиот викенд, но одбив да се предадам, се вратив, претекнував и се пробивав користејќи се што можам.

среќата е против нас цела сезона, но мислам дека конечно ни се насмеа. денеска победив заслужено, мерцедес иаа проблеми, но мојот ритам беше силен и го држев џорџ зад себе, а тој имаше фантастична трка денеска – објасни серхио.

Тој откри дека грешка при првата промена во првиот круг го оставила со вибрации од едното тркало, така што по втората промена болидот оживеал и му дозволил да ги претекне Окон и Строл пред второто безбедносно возило.

направив голема грешка за време на безбедносното возило, го закочив предното лево тркало и си ја уништив таа гума. првата серија ја возев со многу вибрации, но штом променив гуми, болидот беше како лимнузина, немаше вибрации и беше брз.

имавме фантастичен ритам и одлично ја прочитавме трката викендов. дојдовме мислејќи дека ќе треба две застанувања, но по долгите серии во петок знаевме што треба денеска да направиме.

Победата доаша на претпоследната трка за мексиканецот во тимот пред напуштањето на екипата, а можно и напутањето на Формула 1 затоа што нема договор за следната година. Постои можност да потпише за Ред Бул, но најави и дека може да земе пауза една сезона пред големата промена на правилата.

оваа победа ми дава мир, морам да признаам. тоа што се случи не беше моја вина, немав никакво влијание, но знам дека ќе продолжам да се тркам. ако не сум на гридот догодина, ќе се вратам во 2022.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ