Перез: Мојата судбина покажува дека Ф1 ги нема најдобрите возачи

Серхио Перез смета дека огромниот ризик да остане без место на гридот следнта сезона докажува дека Формула 1 ги нема кај себе најдобрите возачи во светот.

Мексиканецот стигна до својата прва победа сезонава во силна трка во која по крајот на првиот круг беше последен. Но, и покрај огромниот успех тој нема место за следната година и вероајтно дека нема да го гледаме во спортот во 2021 година. Следната година во екипата од Силверстон ќе го менува четирикратниот шампион, Себастијан Фетел, така што единствена реална можност за него е Ред Бул, токолку “биковите“ се решат да се ослободат од услугите на Александер Албон.

Чеко одржа и прес конференција на која откри дека разгледува опции за 2022 година, но не знам што ќе се случува следната.

веќе имам одлични опции за 2022 година, така што најдобро за мене е да продолжам во спортот и догодина, но ако треба да престанам, нема да биде катастрофа затоа што планирам да се вратам по година пауза.

следната сезона правилата нема многу да се променат и поради тоа мојт возаки стил нема да трпи и нема да ми треба многу време за привикнување на нов болид.

мирен сум во моментов. естебан око спомна дека возачи како него паузираат поради немање место во спортот, но тоа е, таква е формула 1.

може да биде тешко, но јасно е дека најдобрите возачи не се во формула 1. треба да притискам и да продолжам да испорачувам, тоа е најдобриот начин во моментов – изјави чеко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ