Перез не може да си дозволи уште една трка без поени

Серхио Перез е свесен дека не може да си дозволи уште една трка на која ќе остане без поени по пласманот на 16то место во Монако, а доколку сака сериозно да нападне за титулата годинава.

Возачот на Ред Бул тргна од последно место во Монако откако на квалификавиите имаше силен судар во оградата во првиот егмент од истите. Во текот на трката дури 5 пати влезе во боксот и двата пати беше минат за цел круг ог колегата кој со победата го зголеми водствити на 39 поени.

И покрај тоа што неделната трка беше прва без поени за мексиканецот, тој е свесен дека истото го чини многу и е неприфатливо.

платив висока цена за грешката од квалификациите и веднаш се извини на тимот затоа што ова е неприфатливо, но морам да продолжам понатаму и да научам од ова затоа што уште една нула по крајот на трката не смеам да си дозволам – свесен е чеко.

Мексиканеоцот добро ја почна трката, беше 15ти до 30от круг пред да назадува по неколку инциденти за време на дождот. Имаше контакт и со Кевин Магнусен од Хаас на шиканата од 34от круг кога го скрши предното крило.

добро ми одеше, но за жал многу рано во трката наидов на голема гужва и тоа ме назадуваше низ поредокот. почна да врне, а јас последен влегов по нови гуми, а потоа закачив во оградата и беше навистина лошо. со магнусен го оштетив предното крило во шиканата затоа што ризикував многу во тие моменти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ