Перез одговори на шпекулациите за иднината во Ред Бул

Мексиканецот одговори на обвинувањата дека би можел да биде заменет доколку не се подобрат неговите перформанси во квалификациите.

Серхио Перез истакна дека воопшто не е загрижен за гласините околу него дека ќе биде потенцијално заменет во Ред Бул.

Мексиканецот доживеа уште еден неуспех во квалификациите за време на викендот за ГН на Велика Британија, кога непромисленото менување гуми за време прекинот го примора да седи во место на крајот од боксот за време на завршните етапи од К1.

Кога се врати на патеката, гумите не беа загреани, а Перез на крајот беше елиминиран и заврши 16ти. По дисквалификацијата на Валтери Ботас, тој ја стартуваше трката од 15то место, а заврши на шесто.

Перез одговори по трката за обвинувањата дека би можел да биде заменет од Даниел Рикардо:

Не се грижам воопшто, ако сум искрен. Јас сум во Формула 1 13 години и сум видел се.

Не сум загрижен за ништо од тоа, главно се фокусирам на тоа да ја поведам мојата сезона на вистинскиот пат и да продолжам да уживам во ова.

На прашањето дали има целосна поддршка од тимскиот шеф Кристијан Хорнер и советникот Хелмут Марко, Мексиканецот беше јасен:

Имам целосна поддршка од Хелмут и Кристијан, целиот тим целосно ме поддржува.

Тие знаат што можам да направам, го знаат мојот потенцијал и целосно се зад мене.

Марко рече дека Перез треба да најде перформанси по неговата последна елиминација од квалификациите, бидејќи тоа го спречува Ред Бул да освои максимални поени на тркачки викенд.

На прашањето дали болидот се сменил или дали тоа е специфично за неговото возење, Перез одговори:

Со моето возење и како се приближувам до саботите, како го правиме тоа како тим, само треба да сфатиме што се случува.

Последните квалификации што ги имав беа лоши, тие беа во променливи услови кога многу детали ќе влезат во игра.

Не сум премногу загрижен. Мислам дека имавме одличен петок во однос на темпото, само треба да ги средиме квалификациите и ќе бидеме добро.

На крајот на денот, важно е само каде ќе завршиме во Абу Даби, така што уште е долга сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ