Перез првично мислел дека Ред Бул згрешиле со интермедиа

Серхио Перез признава дека првично мислел оти Ред Бул се згрешиле на Големата нагрда на Монако, откако тој промени на интермедиа пневматици и тоа го напрви прв од водечките, уште во 17от круг.

На почетокот на одложената трка, сите возачи ги користеа пневматиците за целосно мокра патека и силен дожд. Како што се расчистија условите и се појави сува тркачка линија, поголемиот дел од гридот се најде во боксовите за интермедиа гуми пред да се префрли на целосно мазни неколку кругови подоцна.

Сепак, некои возачи, вклучително и Карлос Саинз од Ферари, направија префрлување директно од гуми за дожд на мазни пневматици за да избегнат изгубено време во боксот. 

Кога бев на интермедиа помислив дека се зафркнавме – рече Перез.

Патеката беше прилично сува и се чувствуваше како да е прашање на кругови пред да треба да одиме на мазни.

Во тоа време, само кросоверот помеѓу интеровите беше малку побрз, но поради загревањето на гумите, тука можевме да ја направиме разликата кон Карлос.

Кога тој влезе во бокс за таа гума, можевме да имаме многу брз круг, притискавме навистина силно. Пневматикот беше супер, а патеката беше сува и подготвена за мазни гуми.

И покрај победата на трката, Перез вели дека Ред Бул не може да биде среќен поради голем број блиски повици за време на трката.

Беше доста тешко првите кругови особено на тврдите гуми, загревањето се чувствуваше малку незгодно – рече тој.

Не вложувате многу енергија во Монако. Тоа е ден кога само треба да ја завршите трката.

Не можеме да бидеме среќни затоа што можевме да направиме грешка. Разговарав порано со Макс, дури и Карлос беше толку блиску за да ја допре бариерата.

Сите имавме големи моменти денес кога трката можеше да биде завршена поради грешка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ