Перез разочаран: Штета што ќе стартувам од позади

Серхио Перез смета дека е штета што недозвлена промена на моторот го носи во последниот стартен ред на утрешната трка.

Гранд При-то во Абу Даби не е само последна трка сезоната туку и последна за Чеко во Рејсинг Поинт, а можеби и последна во Формула 1. Пред една недела мексиканецот победи на Шакир, а се надеваше на силни поени и од Абу Даби поради борбата за 3то место кај конструкторите во која е неговата екипа.

чувството од болидот е добро од самиот почеток и штета што ќе морам да тргнам од позади затоа што сметам дека имаме одличен потенцијал за квалификации и повторна борба за подиум.

ќе биде многу тешко да се стартува од последниот ред и поради тоа фокус ќе ни бидат долгите серии и да ја “прочитаме“ трката колку што може подобро, да предивиме што ќе се случи и на тој начин да напредуваме.

имаме одлична идеја како ќе биде и се надеваме да одработиме се и да сме силни во недела – очекува чеко.

Рејсинг Поинт се во борба за 3то место кај коснтрукторите со Мекларен и Рено, имаат 10 поени предност пред тимот од Вокинг, додека фабричкиот тим на Рено заостанува 22.

дефинитивно сме нетрпеливи да видиме каде ќе завршиме. во недела се е во игра, конструкторскиот шампионат е многу значаен и ќе направам се за добри поени и помош за тимот во недела.

можам да спијам полесно затоа што квалификациите за мене не се важни поради казната, важно е како ќе одработам на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ