Перез разочаран што ќе се повлече со лоша трка

Серхио Перез призна дека е разочаран од својата последна Формула 1 трка за Рејсинг Поинт која ја заврши по само 10-тина кругови поради технички проблем.

Мексиканецот стартуваше од последно место откако тимот реши да му даде нов мотор за Големата награда на Абу Даби но стабилно напредуваше и беше 13ти кога му откажа менувачот. Надежта на Рејсинг Поинт за 3то место кај конструкторите беше уништена затоа што и Ленс Строл немше убедлива трка и донесе само поен откако го загуби 9то место во последниот круг.

тажно е што го напуштам тимот вака, но им кажав на момците, некои од нив плачеа, но мора да се сетат што се случи минатиот викенд и што се случува цела сезона. не беше оваа година лесна за нас.

завршивме на 4то место кај конструкторите, пропуштив две трки порад корона вирусот, а издржливоста не беше добра годинава. на крајот, штета што гопропуштивме тоа 3то место во конструкторскито поредок. им честитам на мекларен, навистина заслужија се што постигнаа, одработија одлично со болидот кој го имаа на рапсолагање. возачите испорачуваа секој викенд и само пофалби до нив – изјави перез.

Серхио беше клучен во спасување на Форс Индија во 2018 година кога покрена постапка на администрација откако долговите на сопственикот стануваа се поголеми. Но, тоа не му помогна да си го зачува местото затоа што новите сопственици решија догодина во болидот да го сместат четирикратниот првак, Себастијан Фетел.

си заминувам среќен и задоволен и секогаш ќе останам горд на моите момци. мислам дека ги спасивнивните работни места со мојата одлучност во 2018 година.

екипата засекогаш ќе остане моја омилена на гридот затоа што ми понудија се, а јас им вратив со иста мера и навистина ми е убаво што сме успешни. иднината е светла за нив и се надевам дека ќе се гледаме на патеката.

Мексиканецот ја имаше најуспешната Формула 1 сезона во својата кариера, стигна до својата прва победа и заврши на 4то место кај возачите. Но, сето тоа не беше доволно да остане во тимот, а медиумите велат дека шансите за Ред Бул му стануваат се поголеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ