Перез се извини: Грешката беше неприфатлива

Перез не успеа да стигне до поени за време на хаотичната трка за Големата Награда на Монако, која за мексиканецот започна од последното место на гридот.

Серхио Перез му понуди на Ред Бул извинување за неговата неприфатлива грешка во квалификациите што го постави на последното место за Големата Награда на Монако.

Мексиканецот никогаш не можеше да се опорави од тешката несреќа поради која стартуваше од последниот ред низ тесната и извртена улична патека по обемните поправки од неговиот тим во текот на ноќта.

Ред Бул избраа да го стартуваат Перез на медиум гуми и го внесоа во бокс на крајот од воведниот круг во обид да му обезбедат чист воздух за да го надомести времето и да ги прескокне оние што беа напред за време на конвенционалниот пит-стоп прозорец.

Но, минатогодишниот победник на трката, Перез, го допре задниот дел во 10от круг, попречувајќи го неговиот напредок.

По дополнителни инциденти и дождот доцна во трката, Перез успеа да заврши само 16ти, со два круга заостанување од тимскиот колега и победник Макс Верстапен, и сега има заостанување од 39 поени во борбата за титулата.

Ја платив цената од мојата грешка во квалификациите – призна Перез.

Тоа ме чинеше многу и само сакам да му се извинам на целиот тим затоа што е неприфатливо да имам ваков вид грешка.

Морам да продолжам понатаму, да учам од тоа. Не можам да си дозволам уште една трка без поени во првенството.

Камбекот на Перез можеби беше спречен на почетокот на трката поради метежот, но контактот со Џорџ Расел и Кевин Магнусен го примора да го промени предното крило.

Се се одвиваше навистина добро – инсистира Перез при оценувањето на неговата трка.

За жал, навистина рано заглавив во метежот. Потоа дојде дождот, ние бевме едни од последните што влеговме во бокс. Потоа удрив во ѕидот, сето тоа беше хаос.

Магнусен штотуку излета од шиканата. Едноставно тргна лошо. Кога сте на таа позиција, мора многу да ризикувате.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ