Перез фрустриран што Гасли не го пропуштил

Серхио Перез остана фрустриран што Пјер Галси не добил казна за игнорирање на сините знамиња поради што бил задржан и ја загубил втората позиција во возачкиот поредок од Шарл Леклер. 

Перез и Леклер стартуваа во Абу Даби со ист број на поени и се бореа за втората позиција кај возачите. При крајот на трката, Перез се обидуваше да го престигне Леклер кој извозе стратегија со едно застанување додека мексиканецот беше со две застанувања. 

Сигурно загубив повеќе од една секунда со сините знамиња бидејќи Гасли се бореше и не ме пропушташе. Мислам дека со тој потег се затвори вратата за подобра позиција и приближување до Леклер. Во нормални услови, требаше Пјер да има казна. но сепак ова е последна трка и си одам дома – објасни чеко.

Перез го пофали Леклер и додаде дека брзината ја загубил порано во трката и затоа паднал наназад на грдиот. 

Така функционира спортот, понекогаш губиш понекогаш добиваш и така е со сите нас. Во првата серија порано ми се потрошија гумите. Во втората серија бев зад Макс кој беше со едно застанување и не бев во можност да напредувам повеќе.

Дискутиравме неколку пати за стратегијата, но имав поголема деградација од очекуваното и Загубив најмалку две секунди. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ