Перез: Хамилтон ме стигна во најлошо време

Серхио Перез смета дека Луис Хамилтон му се доближил во најлошиот период  и жестоко се бореше со британецот.

На влажната патека Хамилтон се обиде да направи што е можно повеќе да заврши на подобра позиција откако стартуваше од 11 позиција.

До 35 круг Хамилтон дојде до петта позиција и започна да го напаѓа Серхио Перез. Двајцата имаа жестока битка и во еден момент Перез беше приморан да премине на линијата за влез во боксот но успеа да ја задржи четвртата позиција и Хамилтон зад себе до крајот на трката.

Перез објасни дека Хамилтон му се појавил во најлошо време кога тој водел мака со своите интермедиа гуми.

Беше доста тешко во тој момент и тогаш се појави Луис, кога се мачев со гумите. Првиот стинт ми беше тежок, посебно на крајот бидејќи Луис беше доста брз. Мислам дека беше најбрз болид на патеката и морав да го држам зад себе. Добро се боревме и среќа го избегнав столбчето за влез во бокс.

Перез успеа да го задржи Хамилтон зад себе за неговиот колега Макс Верстапен да добие повеќе поени во борбата за титулата.

Ова е прва топ 3 завршница во последните три трки за Перез.

Искрено немав среќа на последните трки. На Монца бев на подиум но добив казна. Во Русија на три круга до крајот бев на подиум. Така беше на повеќе трки. Немав брзина да им конкурирам на Мерцедес.

Во саботата Перез се квалификуваше на седма позиција на половина секунда од Верстапен и имаше само еден сет гуми за во К3.

Целиот викенд беше доста конкурентен. На квалификации немав шанса да покажам и мораше да сме агресивни со стратегијата и останавме со едни софт гуми. Мислам дека ни требаа неколку десетинки за да имаме подобри квалификации. Мора да разбереме се и да извлечеме повеќе од болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ