Персоналот на Ферари не ни отпатувал на Имола

Поголемиот дел од персоналот на Ферари не отпатувал во Имола кога била откажана трката бидејќи останале во Маранело, на само 80 километри од местото каде требаше да се вози Големата награда на Емилија Ромања. 

Имола и Маранело се во областа Емилија Ромања каде имаше доста поплави и многу од жителите беа евакуирани. Во Имола отпатувале само 20 вработени од Ферари кои требало да го подготват падокот, но и дел од нив се вратиле во Маранело. 

Во вторникот, на Формула 1 персоналот му беше кажано да не доаѓа на патеката додека во средата трката беше откажана. Во четврток тимовите добија пристап да си ја земат опремата од патеката и да се подготват за пат од 500 километри до Монако на следната трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ