Пике ја загуби жалбата за коментарите кон Хамилтон

Нелсон Пике ќе мора да плати казна за расистичките и хомофобичните коментари кон Луис Хамилтон.

Тој имаше неуспешен обид да ја преиначи пресудата со поднесување жалба. 

Во март беше објавено дека тој ќе мора да плати пет милиони бразилски реали или околу 953,000 долари за своите коментари кон Луис Хамилтон. 

Коментарите беа изнесени во интервјуа од 2016 и 2022 година каде тој зборува за борбите на Хамилтон против Розберг и Верстапен. 

Иако тој се извини сепак тврдеше дека зборот кој го користел значел друго и бил во широка примена во секојдневниот говор. 

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ