Повеќе тимови заинтересирани за Шумахер за 2024

Формула 1 тимовите веќе се заинтересирани да го ангажираат Мик Шумахер за неговото враќање на гридот во 2024 година.

Годинава, по две сезони тркајќи се за Хаас, 23-годишниот син на легендата на Ф1, Михаел Шумахер, мораше да се задоволи со резервна улога во Мерцедес. Тој исто така ќе биде на готовс за Мекларен, кои користат мотор на Мерцедес.

Можеби тоа не е потегот што го посакував, но тоа е уште еден начин да се подобрам како тркачки возач – изјави германецот за Auto Bild.

Сепак, тој се надева дека неговото време на резервната клупа ќе биде краткотрајно.

Мојата цел е да останам во Формула 1. Се разбира, нема гаранција, но јас сум во удобна позиција каде што мислам дека можам да извлечам многу од годината. Сигурен сум дека ќе има можности.

Некои луѓе веќе изразија интерес во текот на зимата. Значи, има нешто. Ќе видиме во текот на следните неколку недели и месеци кога ќе започнат разговорите.

Шумахер инсистира дека ќе го задржи својот целосен фокус на Формула 1 оваа година, исклучувајќи секакви сериозни трки во други категории.

Календарот е интензивен, но јас ќе возам на неколку картинг трки во одредени ситуации, што е веројатно најблиското нешто до Формула 1 – рече тој.

Возев Формула 3 болид во зима и се обидувам да возам што повеќе болиди. Јас сум подобар од било кога и сакам да останам фокусиран.

Тој исто така се надева дека ќе добие шанса да го вози овогодинешниот болид на Мерцедес.

Тоа е надежта. Сè уште треба да видиме дали и кога тоа ќе биде случај. Но, секако би било многу добро за тимот да добие споредба со работата на симулаторот – додаде тој.

Што се однесува до неговиот следен потег за 2024 година, Шумахер вети дека ќе продолжи да разговара со сите.

Многу сум среќен во Мерцедес, но мојата цел е повторно да се тркам во Формула 1. Ќе треба да видиме како ќе помине годината и какви можности има. Ќе му приоѓам на секој тркачки викенд како да седам во болидот за трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ