Понуда за ДТМ ќе го чинела Расел место во Мерцедес

Џорџ Расел открил како понудa да се трка во германската ДТМ тркачка серија речиси довела до неговата кариера во Формула 1 со Мерцедес потенцијално да не се случи.

Во 2015 година, Расел одбил понуда за европската Формула 3 тркачка серија од тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф и наместо тоа се одлучил да вози за тимот на Карлин со Фолксваген. Подоцна во годината, британецот доби понуда за натпреварување во ДТМ со БМВ и ова доведе до Мерцедес да се врати во сликата.

Јас направив тест со БМВ во Декември на Херез. Тие испратија еден од нивните фабрички возачи од ДТМ како референтен возач и завршив побрзо од референцата.

Мерцедес правеше дебитантски тест со нивниот фабрички возач и нивните избрани дебитанти, Ауди беа таму како тест, се сеќавам на Антонио Џовинаџи кој го направи тој тест во 2015 година.

Сите можеа да ги видат времињата до крајот на тој ден, не беше јавно, но приватно можеше да видиме дека бев најбрз на денот.

Имаше инженер кој се префрли од БМВ во Мерцедес и мислам, потенцијално, тој беше прилично влијателен, велејќи дека сум многу брз и дека треба да ме потпишат пред БМВ.

Значи, го имав договорот од БМВ, речиси подготвен да го потпишам и тоа е кога го добив телефонскиот повик од Гвен Лагру во Јануари 2016 година. Јас всушност седев во бањата, а Тој велеше дека сака да разговараме  за приклучување кон Мерцедес. И тоа е местото каде што сите работи почнаа навистина.

Расел потоа беше претставен со ултиматум од Мерцедес, принудувајќи да одлучи помеѓу двете опции додека сеуште е во рана фаза во неговата тркачка кариера.

Тоа беше апсолутно јасно од Мерцедес. Тие рекоа дека Ако потпишм со БМВ, нема да има опција со Мерцедес во иднина.

Значи, договорот на масата од Мерцедес беше да се тркам во Формула 3 уште една година со тимот поддржан од Мерцедес и да работам за Мерцедес Формула 1 во симулаторот. ми река дека ќе ја следат мојата работа и ако се е на вистинскиот пат, ќе донесат одлука во Октомври.

исто така, ми рекоа и дека Ако го потпишам договорот со БМВ, ќе се откажат од мене.

Значи, го добив овој договор од БМВ, што беше за ДТМ, која во тоа време беше веројатно најдоброто првенство по Формула 1. Јас бев 16-годишен во тоа време, со многу пари на масата и сето тоа беше сосема шокантно. Сето тоа дојде толку ненадејно. Го направив овој тест кој беше неверојатно добро и договорот следеше по три дена.

Расел на крајот избра да ја искористи шансата на Мерцедес, што во крајна линија се исплати.

Јас навистина не сум имал никакви комуникации со тимови од Формула 1, а разговорите со Тото се позитивни, но не премногу сигурни дали тоа ќе доведе до нешто, но ова беше на маса сега, а одлуката треба да се донесе.

Тие можеа да се свртат и да кажат дека им е жал и дека  вратата на БМВ е затворена, Но големата разлика е тоа што е Мерцедес и тоа беше Формула 1, а БМВ беше ДТМ. Бев 17-годишен и мораше да го преземе тој ризик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ