Поради загриженоста на Хонда, Макс доби нов мотор за трка

Макс Верстапен ќе го почне Унгарското Гранд При со нов мотор откако Хонда виделе загрижувачки податоци по квалификациите

Холанѓанецот ќе ја почне трката од подоборото место во вториот ред без казна, затоа што се работи за трет мотор за него сезонава. Но, повеќе од јасно е дека ќе иа потреба и од 4ти агрегат на некоја од следните трки до крајот на сезоната.

забележавме нешто на моторот на макс што може да се развие негативно во текот на трката, ммешто што веројатно е како последица од сударот на силверстон. поради тоа одбравме да му вградиме нов мотор од иста спецификација – објавија од јапонскиот производител.

Во пресрет на тркачкиот викенд, Ред Бул беа загрижени за моторот на Макс, но Хонда го пробаа агрегатот на петочните сесии и дадоа дозвола да продолжи да се користи и во остатокот од викендот. Истиот агрегат ги одработи петочните сесии и тренингот и квалификациите во Сабота, но Хонда нашле некои податоци кои не биле добри. Возачите имаат дозвола за три мотори по сезона и секој следен нсо иазна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ