Поранешен возач на тимот смета дека Ред Бул заслужуваат поголеми пофалби

И покрај тоа што доминираа во Формула 1 во изминатите 18 месеци, Ред Бул не ја добиваат заслугата што им следува, смета Марк Вебер.

Поранешниот возач на Ред Бул, Марк Вебер, вели дека тимот не добива заслужени пофалби за нивните достигнувања.

Победата на Макс Верстапен на неделната трка за Големата Награда на Канада беше 100та победа на Ред Бул од влегувањето во спортот во 2005 година, при што тимот во тоа време освои шест титули за возачи и 5 кај конструкторите.

Се чини дека Ред Бул ќе го дополни тој резултат оваа година, со тоа што возачот Макс Верстапен одлично го предводи пласманот на возачите, а тимот досега победи на сите осум трки во 2023 година.

Сепак Вебер, кој возеше за тимот помеѓу 2007 и 2013 година, победувајќи притоа на девет трки, смета дека позадината на Ред Бул како производител на енергетски пијалоци, наместо како производител на автомобили како Ферари или Мерцедес, значи дека достигнувањата на тимот се малку намалени во очите на јавноста.

Да беа фабрички тим, можеби ќе добиеја уште повеќе пофалби – изјави Вебер.

Сè уште е во суштина тим составен од фантастични поединци и луѓе кои направија одлична работа за да создадат прекрасен Формула 1 болид кој може да се натпреварува за светските првенства, што е доминантно на многу начини.

Тие вложија многу напор во овој спорт. Персоналот и инфраструктурата во Милтон Кинс сведочат за тоа колку добро се снаоѓаат.

Посветеноста што ја покажаа, и кон своите вработени и кон спортот, исто така е многу висока. Многу други луѓе дојдоа и си заминаа.

Луѓето понекогаш забораваат дека обемот на работа што Ред Бул го направи е извонреден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ