Поранешен шеф на Ферари смета дека тимот треба да го промени стратегот

Чезаре Фиорио, поранешен шеф на Скудерија Ферари, смета дека екипата треба да го промени Инаки Руеда, шпанскиот шеф на тимот одговорен за стратегија.

Издржливоста и стратегијата имаа најголема улога во неубедливите резултати на тимот и покрај тоа што имаат најсилен болид, така што заостануваат во двата поредока, а шефот Биното не гледа причина за некои драстични промени во екипата. Но, Фиорио, кој го предводеше Ферари во раните 1990-ти години, не смет така.

секако дека очекувам да се вмеша претседателот џон елкан по она што се случи во будимпешта. за жал, грешките се многу и се чести.

овогодинешниот болид е многу силен и се гледа дека екипата направи огромен напредок споредено со последните две години, така што секако дека мора да му се чесита на биното кој секогаш бил фантастичен инженер и го предводел својот тим во правење победнички машини – изјави фиорио за Autosprint.

Договорот според кој Матиа е шеф на Ферари истекува на крајот ов оваа сезона.

матиа е дизајнер кој е фантастичен во својата работа како што се гледа во ф1-75 моделот, единствено му требат луѓе кои добро ќе с евклопат ов неговиот начин на работа. тој треба да сиостане и да го предводи тимот, но не и стратегот руеда кој никогаш немал позитивно влијание над екипите за кои работел – псочи поранешниот шеф на екипата од маранело.

Инаку Руеда почна да работи во Мекларен, потоа во Џордан и Рено, кои потоа се тркаа како Лотус, а во Ферари е од 2015 година, но лани доби унапредување во главен стратег на тимот. Фиорио смета дека дел од проблемот е тоа што Ферари го следат трендот на водечките екипи во спортот кои стратешкиот оддел на патеката го менуваат со Контролата на трка која ја имаат во Маранело.

модерните стратегии се базираат на напредни и сложени математични модели кои за жал не се во целосна согласност со личната индуиција и убедување. во трка редовно имате неколку секунди во кои мора да се донесе одлука и нема време да се анализира премогу и поради тоа се се менаџира со компјутери и се комуницира од далечина. тоа значи дека личниот момент недостасува кај ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ