Порше изненадени од шпекулациите по партнерство меѓу Вилијамс и Gulf

Шефот за моторспорт на Порше, Томас Лауденбах, смета дека е смешно што објаснувањето на нивниот Инстаграм профил предизвика лудило за шпекулации на социјалните мрежи во Формула 1 минатиот месец.

На социјалните мрежи се појавија гласини дека Порше ќе објави партнерство на 16 Јануари со тимот на Вилијамс поддржан од Гулф Оил. Теориите беа поттикнати од тоа што германскиот производител објави промо видео на својот Инстаграм профил за Формула Е првенството. Прикажувајќи стар телевизиски пренос во кој се споменува датумот на 16 Јануари, Твитер корисниците кои ги анализираа замрзнатите кадри сметаа дека Порше прикажува заматената снимка на Френк Вилијамс.

Доаѓајќи само неколку дена откако легендарниот бренд Гулф навести за големите вести во Ф1, спонзорирајќи го тимот во Вилијамс откако прекинаа со Мекларен на крајот на минатата година, беше лесно да се разбере зошто некои сметаа е можно историско партнерство меѓу Порше, Вилијамс и Гулф. На крајот, објавата на Порше немаше апсолутно никаква врска со она што некои го очекуваа. Наместо тоа, тоа беше едноставно ребрендирање на нивниот профил на Инстаграм.

Сакајќи да ги рационализира социјалните медиуми за сите нивни тркачки активности низ светот, споменатиот датум на 16 Јануари беше само начин да се обединат сите активности на Порше Моторспорт. Но, реакцијата на навивачите го остави Лауденбах збунет:

Бев толку изненаден што ова се случи во јавноста затоа што Тоа немаше никаква врска со Ф1.

Само ги средувавме нашите социјални профили, тоа немаше никаква врска со приближувањето до Формула 1. Бевме изненадени како и другите.

На некој начин, беше смешно, но мислам дека се е јасно и средено сега.

По одобрувањето на групацијата Фолксваген за Порше да влезе во Ф1, германскиот производител разговараше со Ред Бул за потенцијално партнерство од 2026 година. Но, редовното одложување поради неизвесноста од Ред Бул за понудата на Порше да преземе 50% удел во тимот доведе преговорите да завршат.

На прашањето дали шпекулациската епизода од Гулф и Вилијамс покажува колку фановите на Ф1 се гладни за Порше да најде друг начин за влез во Ф1, Лауденбах одговори:

Гледате што се случува штом се појави нешто слично. Во моментов се концентрираме на нашите програми и имаме голема разновидност како Порше Моторспорт со ИМСА, ВЕЦ, ФОРМУЛА Е и сите наши спортови со клиенти.

Во моментов сме рамнодушни и задоволни со тоа, а што се однесува до сè друго, ќе видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ