Потенцијалот на Алфа Ромео помина без награда

Антонио Џовинаци беше задоволен со прикажаните перформанси на Имола, но сепак не успеа да освои поени. 

Џовинаци и Раиконен беа емилимирани во првиот дел на квалификациите, но трката беше доста добра за нив бидејќи двајцата се бореа за поени. Штета што Џовинаци имаше проблем со сопирачките и мораше да има дополнително застанување во боксот, додека Раиконен заврши во поени на 9та позиција, но сепак доби казна од 30 секунди по завршувањето на трката. 

Имавме фантастична трка се до проблемот со сопирачките и го покажав вистинскиот потенцијал. Условите на почетокот на трката беа тешки и ме потсетија на Хокенхајм во 2019 година кога не се гледаше ништо.

Кими и јас возевме во поени со двата болида, но поради технички проблем со сопирачките, морав да застанам уште еднаш.

Имаме добар болид подготвен за борба во топ 10 на повеќето трки. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме добри и ќе бидеме наградени со поени – посака италијанецот.

Фред Васур е задоволен со прикажаното и само потсети колку се близу во средниот ред. 

Уште еднаш покажавме дека може да се бориме за поени во недела иако не успеавме да ги освоиме. Условите не беа лесни, но ние завршивме одлична работа.

Кими има доста искуство и се бореше до крајот, но беше разочарувачки за Антонио со техничкиот проблем. Овој проблем и казната ни ги одземаа поените, но сепак имаме верба дека можеме да освоиме поени на повеќето трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ