По двојниот подиум во Шпанија, Перез станува мета за Мерцедес

Тимот од Брекли се стреми кон обезбедување повеќе подиуми по нивната промена во формата и во Монако и во Барселона.

Мерцедес сега се насочија кон Серхио Перез по нивниот двоен подиум на Шпанското ГП. Тимот можеше да конкурира за местата на подиумот со чисто темпо на патеката Каталуња, а Џорџ Расел возеше од 12то место на гридот до пласман на трета позиција.

Расел успеа да го спречи Серхио Перез во завршната фаза од трката, кој со нов сет на софт гуми се обиде да го ограничи својот губиток на поени кон ривалот за титулата Макс Верстапен.

Мексиканецот имаше низа лоши перформанси во квалификациите, а најлошо беше на трката за Големата Награда на Монако каде што имаше судар и мораше да стартува од задниот дел на гридот.

Директорот за инженерство на патека за Мерцедес, Ендру Шовлин, верува дека има мала разлика од второ до 10то место во однос на битката зад Верстапен.

Мислиме дека тоа ќе биде повеќе на линијата на некои од претходните трки каде што дефинитивно бевме во група со Ферари, со Астон, а сега изгледа дека Алпин се приклучија на таа група – рече Шовлин.

Но, тоа е одлично тркање. Ќе биде многу забавно и сигурно ќе се бориме за да го најдеме секој мал дел од перформансите што можеме, бидејќи начинот на кој се реди сегашната мрежа, можете да бидете втори или десетти, и има само неколку десетинки разлика измеѓу.

Со оглед на тоа што Мерцедес ужива во добра форма по воведувањето на нивните пакети за надградба, тие очекуваат Гранд При на Канада да биде значаен тест.

Патеката Жил Вилнев е позната по тоа што е патека со висока деградација на гумите, што е една од клучните области со кои Мерцедес се мачи од почетокот на сезоната.

Неодамна имавме неколку тешки трки и иако освоивме значителни поени, многу е убаво да се вратат двајцата возачи на подиумот по мала пауза – рече Шовлин.

Очекуваме повозбудливи трки, но секако сме свесни дека Канада најверојатно ќе биде поголем предизвик од неделата што ја имавме во Барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ