И Ред Бул ја добија неверојатната казна од 100 евра

Мексиканскиот возач ги заврши петочните тренинзи на 4то место додека Макс Верстапен беше на врвот на двете сесии.

Ред Бул се казнети со 100 евра откако Серхио Перез пребрзо влезе во боксот за време на втората тренинг сесија. Истата казна беше доделена и на Мерцедес и на тимот на Астон Мартин во Австрија поради прекршоци на нивните возачи.

Перез возеше со 80,9 километри на час, додека ограничената брзина во боксот во Силверстон е 80 километри на час.

Ова беше прекршување на член 34.7 од спортските регулативи, при што Ред Бул ја прифати казната.

Претходно во текот на денот, Мерцедес добија опомена по доцното пристигнување на Луис Хамилтон на прес конференцијата во четвртокот.

Перез ги заврши двата тренинзи на втората и четвртата позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ