По непотребните коментари, Расел не бара извинување од Верстапен

Џорџ Расел не смета дека Макс Верстапен му должи извинување по жестоките коментари и навреди на холанѓанецот во Азербејџан по спринт трката, иако возачот на Мерцедес верува дека зборовите на Верстапен биле непотребни.

Расел чувствува дека Макс Верстапен самиот се изневерил со своите забелешки по нивниот судир на спринт трката во Азербејџан. Расел и Верстапен имаа контакт за време на воведниот круг на саботниот спринт додека се бореа за трето место. Инцидентот го остави холанѓанецот со оштетување на неговиот РБ19, иако тој сепак го заврши настанот на третото место пред Расел на четвртто место.

Верстапен беше бесен по трката и сподели тензична размена со Расел во парк ферме, при што тој го нарече возачот на Мерцедес “к**оглав“. Светскиот шампион продолжи со дополнителни забелешки за Расел, нарекувајќи го принцеза кога зборуваше за холандските медиуми.

На прашањето по неделната трка во Баку дали разговарал со Верстапен за тоа што се случило, Расел за медиумите изјави:

Не, мислам, нема што навистина да се каже од моја страна. На крајот на денот, тоа е жешка ситуација за сите. Не знам дали сега се чувствува поинаку. Тоа е тркачки инцидент.

Притиснат понатаму дали сака извинување од Верстапен, Расел изјави дека тоа нема да биде потребно. Сепак, британецот смета дека некои од коментарите на Верстапен по инцидентот се непотребни.

Воопшто не ми треба извинување – додаде Расел.

Но, тој е двократен светски шампион, повторно го води првенството во моментов. Тоа не ми пречи, но тој веројатно малку се изневерува со таквите коментари.

Макс е супер добро момче, одличен, одличен возач, едноставно таквите зборови се непотребни.

Расел сè уште не видел видео снимка од инцидентот со Верстапен кога возачот на Ред Бул му пришол во парк ферме. Откако го погледна клипот, 25-годишникот беше изненаден од тоа што судирот беше помалку драматичен отколку што очекуваше.

Да бидам искрен, бев малку изненаден од тоа колку ништо не се случи – рече Расел.

Очекував дека ќе биде многу повеќе. Очигледно, имаше мал контакт, често се случува тоа во првиот круг. Очекував малку повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ