По силниот судар, Хамилтон го теши Расел

Не е прв пат Луис Хамилтон да теши некој возач, овој пат тоа е Џорџ Расел, откако младиот возач на Вилијамс имаше силен судар за време на трката во Имола.

Расел се судри со Валтери Ботас додека се обидуваше да го претекне финецот на главниот правец по што следуваа мешусебни обвинувња, за да на крајот Расел преку социјалните мрежи не се извини.

силата доаѓа од ранливоста. ако не правиш грешки, никогаш нема да научиш. јас многу те почитувам што превзема одговорност. одиме на следната трка – врати хамилтон на твитер објавата на расел.

Токму Расел го замени Хамилтон кога Луис имаше позитивен корона вирус тест за време на Шакирското Гранд При лани и се покажа одличен, така што падокот на големо шпекулира дека тој е следниот возач во фабричкиот Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ