По соработката во јуниорските серии, Васур со целосна верба во Ботас

Фредерик Васур е убеден дека неговото претходно искуство и соработка со Валтери Ботас во јуниорските категории ќе му помогне пдобро да се разбере со возачот откако финецот стана дел од Алфа Ромео.

Валтери беше дел од АРТ Гранд При тимот на Васур и заедно се тркаа во Формула 3 и во ГП3 подоцна. Ботас стана првак во ГП3 во 2011 година токму со АРТ по што доби Формула 1 можност со Вилијамс во 2013 година.

Васур смета дека претходното искуство во работата со Ботас ќе биде одличен темел на нивната нова соработка во Хинвил, слично како што имаше претходно искуство со Шарл Леклер пред тој да стане дел од Заубер во 2018 година.

важно е да се има добар личен однос, целосна доверба и одлично разбирање еден со друг. се познавав и работев со шарл во минатото кога беше млад во јуниорските серии, го познавав долго време и немав потреба да зборувам многу кога дојде во формула 1 за да знам што сака и што му треба.

односот кој ќе го создадете во младинските категории е целосно различен од формула 1 затоа што овдека има многу повеќе соработка и многу повеќе комуникација и контакт – посочи францускиот шеф.

Тој смета дека Валтери ќе се прероди во Алфа Ромео под негово раководство откако ќе излезе од себката на Луис Хамилтон чија поддршка беше цели пет години. Финецот му помогна на Мерцедес да освои пет последователни конструкторски титули, а на Луис да дојде до 4 наслови за себе, патем победувајќи 10 пати самиот.

Ботас се мачеше константно да биде на ниво на Хамилтон, но беше пред остатокот на гридот, а запрашан дали бил доминантен и во јуниорските серии, Васур одговори:

кога сакате да најдете позитивни работи во јуниорските серии, секогаш може да ги најдете, но тој беше добар возач. кога се беше како шро треба, тој буквално леташе и дури беше подобар од луис.

имаше и фантастични трки лани и затоа и го потпишавме како дел од нашиот проект. знам дека ќе биде порелаксиран и мислам дека тоа ќе му помогне.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ