По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула 1 тркачката сезона. Повеќето возачи не влегле во болид од завршувањето на тестирањето во Февруари и се зборува дека голем дел од нив се далеку од врвна форма. 

Даниел Рикардо и Луис Хамилтон изјавија дека некои возачи сигурно нема да бидат во најдобро светло, Риакрдо предвиде хаос на првата трка, додека Хамилтон изјави дека сите ќе мора повторно да се привикнуваат. Кевин Магнусен од свое лично искуство дека нема да се случи да не се во форма. 

Мислам дека по неколку кругови ќе сум на 100%, целосно подготвен, но не многу. Дали можам да го најдам лимитот? Можеби на Т1, да видам како ќе биде со гумите и подоцна да ги почувствувам Г силите и точките на сопирање. Не повеќе од 10 кругови и ќе бидам на 100% – верува во своите квалитети шпанецот.

Тимовите се враќаат по крајот на присиленото одложување на сезоната, а Саинз објасни дека со нетрпение го чека почетокот. 

Прво сакам да се видам со моите инженери, механичари и да поразговарам со нив. Подоцна во Мекларен симулаторот да тестирам некои нови работи, а подоцна да се подготвам за трка.

Расте возбудата за квалификациите и трката. СИте сакаат да се понапред и долго време го чекаме тој момент. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ