Прва сезона без победа за Хамилтон во кариерата

По неговото откажување од Големата Награда на Абу Даби, Луис Хамилтон не успеа да стигне до победа во текот на една сезона за прв пат во неговата многу успешна кариера.

Мерцедес се бореше за перформанси во текот на поголемиот дел од годината, а понекогаш покажуваше значителен напредок. Тоа се случи овој месец во Бразил, каде Мерцедес победија и на спринт и на главната трка благодарејќи на Џорџ Расел. Тоа беше единствената победа на Мерцедес во сезоната, откако претходно беа доминантна сила на гридот во текот на турбо-хибридната ера.

Шансите на Хамилтон за победа во Абу Даби изгледаа мали откако Мерцедес покажа разочарувачко темпо за време на квалификациите. Тој добро возеше во самата трка, пред да пријави проблем со болидот поради хидрауликата.

Откако не успеа да се искачи на највисокото скалило на подиумот, Хамилтон официјално ја помина првата сезона без победа во неговата Формула 1 кариера.

Тото Волф го намали значењето на прекинатиот рекорд.

Не мислам дека овој конкретен рекорд е важен за него – рече тој.

Но, треба да му обезбедиме болид следната година со кој ќе може да се бори за победи и шампионатот, тоа е најважното нешто.

Хамилтон го имаше своето деби во Формула 1 со Мекларен во 2007 година, со четири победи во текот на неговата дебитантска сезона. Британецот претходно имаше неконкурентни сезони во текот на неговиот ангажман во спортот, но до сега, успеваше да дојде до барем една победа на трка во секоја сезона.

2022 година, исто така, е прв пат во неговата Формула 1 кариера да не успее да постигне пол позиција за време на една сезона. Неговите девет подиуми се исто така најнискиот број во една година од 2013 година, пред почетокот на доминантниот дел на Мерцедес во Формула 1.

Хамилтон ја завршува сезоната 2022 како шести во шампионатот за возачи, официјално неговата најниска позиција до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ