Први впечатоци на Гасли: Во Алпин е многу поразлично од Ред Бул

Пјер Гасли откри дека размислувањето во Алпин е многу поразлично одошто во Ред Бул, за кои вози цела Формула 1 кариера.

Французинот се реши да мине во француската фабричка екипа и да го напушти Ред Бул кои го донесоа во Формула 1, а му дадоа и место во сениорскиот тим како замена за Даниел Рикардо, но таму остана само 12 трки.

се чувствувам како во ред бул да бев пред цела вечност, но реално од тогаш се случија многу работи кај мене, како професионално така и лично. навистина сметам дека се развив во сите области. се сеќавам кога дојдов во ред бул, чувството дека одам таму, мојот пристап и размслување беше целосно различен одошто сега кога дојдов во алпин.

сега имам јасни цели и идеи, имам чистина во однос на тоа што треба да направам и како да покажам перформанси за да бидам конкурентен. сакам да го искористам искуството собрано до сега, без оглед дали е добро или лошо, се што научив, за да се покажам во најдобро светло во алпин. многу сум поуверен дека ќе бидам успешен, немам сомнеж во тоа – откри французинот.

Откако Ред Бул се решија да го вратат во јуниорскиот Торо Росо односно АлфаТаури во 2019 година, тој стана лидер на екипата, дојде до подиум во Бразил, а потоа и до шокантна победа на  Монца. Ток,му константните перформанси го донесоа во Алпин годинава откако тие го загубија својот јуниор, Оскар Пиастри во Мекларен.

Својата прва средба со болидот ја имаше на тестот во Абу Даби по крајот на сезоната, што смета дека била одлична можност да се запознае со тимот со оглед на малиот број денови за тестирање кои се дозволени.

немам многу време за прилагодување пред да почне сезоната, но се подготвувам секојдневно и добра страна ми е тоа што знам и можам многу брзо да се адаптирам. сум бил во слична ситуација во минатото, но овој пат поинаку размислувам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ