Преговорите со Андрети не влијаеле врз развојот во Алфа

Фредерик Васур откри дека преговорите со Андрети Аутоспорт за евентуална продажба на Формула 1 тимот не влијаеле врз развојот и плановите на тимот за оваа тркачка сезона.

Американскиот моторспорт бренд преговараше со сопствениците на Заубер, тим кој се трка под брендот Алфа Ромео за можно превземање на тимот по летната пауза лани. Андрти се присутни во американски Индикар, електричната Формула Е како и Екстрим Е, а сакаа да дојдат и во врвната моторспорт тркачка серија преку превземање на Заубер Груп.

Мајкл Андрети, првиот човек на компанијата, сакаше во тимот да го донесе Колтон Херта, својот млад штитеник од Индикар, но преговорите за купување на тимот пропаднале во последен момент откако дет стрнаи не се договориле околу контролата на компанијата. Две недели по пропаѓање на преговорите, Алфа објавија дека во тимот ќе дојде кинезот Гуанју Жу и ќе стане партнер на Валтери Ботас.

не застанавме со ништо во однос на техничкиот дел за време на преговорите, ве уверувам во тоа. се разговараше за спонзори, возачи и слично, но работата во позадина продолжи. на краојот, ништо не е променето освен тоа што дел од одлуките за возачите и спонзорите беа одложени – посочи францускиот шеф на екипата.

Запрашан дали вниманието на луѓето во екипата било одвлечено поради преговорите, тој негираше:

ниту за мене ниту за било кого вниманието не беше оттгнато од работата.

Ботас и Жу ќе бидат целосно нов возачки тандем наместо Антонио Џовинаци и Кими Раиконен кои последните три години возеа за тимот од Хинвил кој се надеа дека ќе ги искористи целосно новите правила и ќе дојде пдогре во поредокот.

Пристигнувањето на првиот кинез во Формула 1 ќе донесе голема финансиска корист за тимот, а Ботас ќе донесе искуство и знаење од шампионскиот Мерцедес, така што Васур смета дека ќе има одлични темели на екипата која чекор по чекор треба да се развива.

за оваа година развиваме целосно нов проект под ограничување на трошењето. имаме нов тандем возачи, нов мотор од ферари и се обидуваме да склопиме се колку што може подобро.

се е добро во моментов, сите се обидуваат да го подобрат секој дел од работењето, тоа е веројатно најубавиот дел од оваа работа, фокусот на перформанси. на крајот, ќе имаме некој на прво, некој на 10то место, ќе имаме добри и лоши резултати.

најважно е што ние како компанија од акционерите надолу сме убедени дека се развиваме и работиме во вистинската насока. за мене е важно да имаме поддршка од сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ