Принцот Алберт вклучен во преговорите околу трката во Монако

Принцот Алберт од Монако директно е вклучен во продолжување на договорот за организација на Гранд При трката низ кнежевството откако договорот на истата заврши сезонава.

Долгогодишниот жител на Монако и Формула 1 шампион од 2016 година, Нико Розберг, го потврди ова во екот на подготовкит еза рекордна сезоан од 24 трки. Стефдано Доменикали потврди дека догодина ќе има рекорден број на трки, побарувачката за организација е многу висока, а први за “отстрел“ се Пол Рикар, Спа Франкошамп и Монако.

Розберг се надева дека ќе има простор за Монако во календарот, но тоа и не е така лесно со оглед на тоа што Кнежевството плаќа убедливо најмалку за да учествува во Формула 1. Automobile Club de Monaco  еглавен организатор и промотер на настанот.

принц алберт директно се вклучи во преговорите кои ги води клубот, но двете страни за сега се многу тврдоглави. во таков случај потребно е посредник за омекнување на ставовите и пронаоѓање на заедничко решение за продолжување на најпознатата трка од каледарот.

принцот активно се вклучи затоа што големата нагрда на монако е историски настан и најспектакуларната и најгламурозната трка од календарот. таа мора да продолжи и јасно е дека организацијата мора да се адаптира. често во монако се гледаат реклами од компании кои се директни конкуренти на спонзорите на формула 1 и тоа мора да се реши – посочи розберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ