Саинз размислувал агресивно во Монако

Карлос Саинз објасни дека имал агресивно размислување за разлика од неговиот тим и затоа викал на тимското радио во Монако. 

Саинз возеше зад Окон и подоцна зад Хамилтон пред да биде повикан во боксот. Ферари одлучија тој да влезе веднаш по Хамилтон за да го предизвика Окон но тоа не се случи . Сепак Саинз не бил задоволен од стратегијата и заврши зад двата Мерцедеса. 

Мислам дека имавме несогласување. Доста бев гласен и сакав да сум на подиум и ризикував да останам на хард гуми.

Но во исто време го разбирам тимот. Се бориме со Мерцедес и влегов по Луис за да ја заштитам позицијата. Тогаш излегов зад Естебан и бев фрустриран поради тоа. Подоцна објаснивме што е рационално и кои се причините поради тоа. Се фокусирав што повеќе да останам на хард и да влезам доколку се појави безбедносно возило но никогаш не се знае до крај. 

Тимот имаше лоша трка и Саинз смета дека ги чека уште работа. 

Би рекол дека цело време се напредува и не е лесна година за нас. Сакаме да одиме напред и има доста критики за самата трка каде се чини дека одиме назад.

Тешко е да се направи процена на првите шест трки. Но има место за напредок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ