Проблематичниот филм за Ферари ќе го гледаме годинава

Ферари, филмот базиран на историјата на славниот бренд, ќе биде готов оваа годиан и покрај загриженоста и проблемите во однос на продукцијата и дистрибуцијата.

Во главна улога на филмот е Адам Драјвер кој ќе го глуми Енцо Ферари, а режисер е Мајкл Ман, режисерот на остварувања како Heat и Collateral, како и извршен продуцент на Ford v Ferrari.

По пропаѓањето со американскиот дистрибутер STX Entertainment со кој била договорена дистрибуцијата на филмот, постоеле сомнежи дали истиот некогаш ќе ја види светлината на денот, откако во истиот беа вложени огромни 80 милиони долари.

Британски Sky неделава објави дека филмот ќе биде достапен преку стриминг сервиси, иако не потврдија преку кој како и точен датум.

Филмот се фокусира на Енцо Ферари во 1950-тите години, неговото семејство и финансиските проблеми кои се закануваа да му ја уништат компанијата пред да стане гигантот што е денеска. Исто така, во фокусот се и подготовките на слвната Mille Miglia во 1957 година.

Филмот е базиран на книга напишана од Брок Јетс и режисерот Ман, кој патем нема режирано филм од 2015 година. Во улога на Лаура, сопругата на Енцо, ќе се појави Пенелоп Круз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ