Продолжува мизерната форма на Перез во квалификациите

Серхио Перез не успеа да се пласира меѓу првите десет за време на квалификациите за Големата Награда на Австрија по четврти пат последователно.

Во драматичен К2, на возачите им беа избришани времињата на круговите поради надминување на границите на патеката, првенствено на последниот свиок 10 каде што обично возат широко на излезот кон стартно-целната рамнина.

Мексиканецот ги надмина границите и најбрзото време во круг беше избришано од таблата за тајминг на неколку секунди до крајот. Тој се пожали на имплементирањето на такви правила како главен виновник за неуспехот.

Како резултат на тоа, тој ќе стартува 15ит на гридот за Големата Награда во Недела, што значи дека ќе мора уште еднаш да се бори низ гридот ако сака да го ограничи дефицитот на поени кон тимскиот колега и шампионски ривал Макс Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ