Прост предвидува конфликт во Ферари следната година

Францускиот четирикратен Формула 1 првак, Алан Прост, верува дека Ферари ги чекаат тешки времиња и конфликт помеѓу возачите наредната година. Оваа година Фетел ја започна како јасен број еден, но во текот на сезоната неговиот помлад колега Леклер покажа подобри перформанси.

Амбасадорот и Советник на Рено, Алан Прост, верува дека во Ферари се случува затишје пред бура за наредната година.

Ќе биде тешко Ферари да ги избегне конфликтите помеѓу Фетел и Леклер наредната година. Единствен начин е можност за возачите да се борат помеѓу себе.

Доколку еден возач има проблем со неговиот колега што победува на трки тогаш треба да се промени пристапот.

Поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеземоло изјави дека најдобар пристап е да се определи број 1 возач.

Мислам дека оваа година проблемите се поради тоа што има двајца исти возачи. Леклер е очигледно брз и ги надмина очекувањата, но мора да престане да зборува преку радио. Тоа е интересна дилема за Ферари со доста позитивни и негативни страни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ