Пурчер разбира колку е тешко да се организира тренинг

Тео Пурчер, штитеникот на Алфа Ромео, разбира дека е тешко за тимот да организираат тренинг во Формула 1 и дека тој повеќе сака да вози во Формула 2 отколку да вози тренинг во врвната моторспорт тркачка серија. 

Тој во моментов е на трета позиција во Формула 2 поредокот и ќе вози тест пред трката во Франција. По откажувањето на трката во Русија, сезоната во Формула 2 се помести, а тестот на Пурчер беше одложен. 

Французинот сака да се концентрира на Формула 2 и затоа попрво би се концентрирал на Формула 2 отколку на тренинг во најсилната серија. 

Да бидам искрен, не сме зборувале со Фред за ова. Зборуваме само за Формула 2 бидејќи сакам да се концентриран на тоа.

Беше планирано да возам во Франција, но има Формула 2 викенд и би сакал да си ја возам трката.

Разбирам дека не е лесно да се организира тренинг бидејќи се вози само на неколку трки, но има и тест за Пирели и времето може да се промени.

Жу е почетник, а БОтас треба да вози во Сингапур. Повеќе би сакал да возам во Формула 2 бидејќи имам за цел  да победам оваа сезона – посочи тео.

Тој сепак не сака да вози во двете серии во ист викенд. 

Да бидам искрен не, но зависи. Ако сум шампион на две трки до крајот, зошто да не. сакам да се концентрирам на Формула 2. 

Васур изјави дека е тешко да најдат патека на која би возел. 

Јапонија е тешка за почетник. Не сме возеле таму две години. Има спринт трки и тешко е да се најде слободно место. Можеби во Мексико или Остин, Но Пирели има тест за гуми и ќе видиме какво ќе биде времето. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ