Ралф го предупреди Ботас за доаѓањето на Сеидл

Ралф Шумахер, поранешниот Формула 1 возач, го предупреди Валтери Ботас по доаѓањето на Андреас Сеидл како Главен извршен директор на Заубер.

Неделава имаше голем пазар на тимски шефови кој го вдоми Фредерик Васур во Ферари, а на негово место дојде Андреас Сеидл. Доаѓањето на германецот во тимот е во линија со превземањето на Заубер од страна на Ауди и ребрендирање на тимот за 2026 година.

Финецот Ботас откри дека сака да биде во Хинвил кога Ауди ќе го превземе тимот, но Ралф смета дека тоа нема да биде можно.

љубопитен сум да видам кого сеидл ќе го донесе како возач, а гласини секако постојат. жу е некако побезбеден, носи пари со себе, што е важно до 2026 година кога ауди ќе почне силно да вложува. но, ботас, се зборува многу за него, веројатно нема да остане предолго – смета ралф.

Шумахер смета дека трансферот на Андреас е вистински за него со оглед на искуството кое го има со Фолксваген групацијата како шеф на Порше ЛМП1 проектот.

претходното искуство на андреас сеидл во порше со серијата на прототипови, а и искуството кое го стекна со мекларен, вреди многу пари, така што тој е многу важен за екипата. сигурен сум дека одлично ќе се вклопи затоа што заубер е добро етаблиран тим, а годинава немаа воопшто лош болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ