Ралф: Мик требаше да биде подобар пред да стигнат новините

Кевин Магнусен е единствениот возач на Хаас кој доби можност да ги проба новите делови на Унгарското Гранд При викендов, а Ралф Шумахер, вујкото на Мик, смета дека тој требало да испорача подобри резултати на претходните 12 трки за да има предност.

Новините на ВФ-22 се многу и очигледни, а голем дел од падокот веќе го нарекуваат болидот бело Ферари. Се работи за нови страници на болидот, под, аеродинамика и задни делови за сопирачки како и целосен редизајн на суспензијата. Единствен проблем на тимот беше тоа што имаа делови само за еден болид.

Гунтер Стаинер посочи дека фактот што ќе имаат само еден подготвен болид се должи на сударите на Мик на почетокот на сезоната, во Џеда и Монако, судари кои го чинеле тимот многу пари кои инаку требало д абидт насочени кон развојот. Мик беше тој што имаше тешки судари, пропушташе поени и го чинеше тимот доста, така што има 12 поени споредено со 22 на својот колега.

честа пракса е кај сите екипи е тој што има повеќе поени на минатите трки да добие предност во новините и поради тоа мик требаше да испорача подобри резултати претходно – изјави ралф за германски скај.

23-годишникот, не разочара затоа што и со болидот кој е исти со првиот тест освојуваше поени во последно време, најпрво во Британија кога стаса до првите свои поени во Гранд При кариерата, а следуваше уште еден топ 10 пласман во Австрија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ