Ралф: Отстранувањето на Мазепин е вистинско решение за Хаас

Иднината на Никита Мазепин и Уралкали во тимот на Хаас е неизвесна, а Ралф Шумахер верува дека заминувањето на русите од американската екипа е вистинска одлука.

Инвазијата на Русија над Украина донесе несигурност на се што е руско во светот, иако Светскиот Мотор Спорт Совет реши да дозволи на руски и белоруски возачи да се тркаат, но под неутрално знаме.

штета за никита кој не може да направи ништо за да остане во формула 1. тој е во многу тешка ситуација, но разделувањето со него е единствена добра опција во моментов од спотска гледна точка за тимот – посочи ралф шумахер за германски Sky Sports.

Поранешниот Формула 1 возач очекува Хаас да ги прекинат комерцијалните договори и со компанијата Уралкали која е нивни главен спонзор. Се работи за хемиски гигант, лидер во производството на вештачко ѓубриво, каде мнозински сопственик е Дмитриј Мазепин, таткото на Никита. По инвазијата на Русија, последниот ден од предсезонскиот тест, Хаас го имаа отстрането логото на Уралкали од болидот.

мора да дојде до разделба сега. имаме два фактори, еден од надворешниот притисок, а друг е фактот што хаас е американска екипа.

Следствено, Шумахер е загрижен за иднината на тимот и искрено очекува да се појави друг спонзор кој би го финансирал тимот.

гунтер стаинер потенцираше дека се финансиски здрави, но јас можам да замислам како друг спонзор се појавува кај нив и повторно се добри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ