Ралф се сомнева дека Рикардо ќе најде слободно место за следната година

Поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер, не верува дека Даниел Рикардо ќе најде место на гридот за наредната година доколку биде заменет од Оскар Пиастри. 

Пиасти е Формула 2 шампион за кој се верува дека веќе има обезбедено место во Мекларен, додека Рикардо се мачи да се снајде во тимот од Вокинг и се чини дека тимот ќе се откаже од неговите услуги. Тој би можел да се врати во Алпин, откако  Фернандо Алонсо остави празно место во фабричкиот тим за следната сезона, потврдувајќи трансфер во Астон Мартин.

Имињата се веќе ставени, а Мик сеуште го нема продолжено договорот И тој може да биде кандидат. Нико Хулкенберг сеуште е во игра, а и Даниел Рикардо не знае дали и каде ќе продолжи. Лично мислам дека нема да има друга шанса, Но не знам за како ќе одлучи Алпин – анализира ралф.

Шумахер ги критикуваше Алпин за справувањето со Пиастри и дека тој не е крив што сака иднина во друг тим. 

Едно е јасно, Алпин не сакаа да му најдат место на Пиастри. Тие сакаа да го сместат на друго место во наредните години.

Имаше опција за Алпин за наредната година, но не беше навреме искористена. Доколку не направите договор како што треба, тогаш не треба да го критикувате младиот возач. Не треба да се заборави дека менаџерот на Пиастри, Марк Вебер е близок со шефот на Мекларен Андреас Сеидл. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ