Ралф Шумахер: Одлично време да се продаде Мерцедес

Крајот на 2020 година е одлично време да се продаде фабричкиот тим Мерцедес е изјавата на Ралф Шумахер, поранешниот Формула 1 возач и брат на седумкратниот првак, Михаел. 

Според германските медиуми, РТЛ се откажал од ТВ преносот бидејќи Фетел ќе ја напушти Ф1 на крајот на година. 

Според моите информации, РТЛ е во право бидејќи нема германец возач, Но и покрај тоа и буџетот е проблем затоа што телевизиските права станаа многу скапи – вели ралф.

Друга загуба би бил тимот Мерцедес. Во последните неколку месеци се зборува за гласини дека Тото Волф купува акции од новиот проект Астон Мартин, а во исто време Даимлер ќе се откаже од Мерцедес. 

Се тркав кога производителите се враќаа во Формула 1 и буџетите беа огромни. Мислам дека синтетичкото гориво е важно и новиот шеф на Мерцедес ја сака Формула 1, но не под секој услов. Тие освоија се што можеше. Би било добро да се продаде тимот и да се инвестира во техолошки развој. 

Шумахер смета дека Фетел може да биде привлечен за Лоренс Строл, Волф и Астон Мартин. 

Мислам дека Себастијан би бил интересен доколку наумиле нешто. Тоа е нејасна ситуација со Астон Мартин. Мислам дека Тото и Себастијан би соработувале одлично. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ