Расел: Алонсо ја заслужи третата позиција

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, верува дека Фернандо Алонсо требало да ја задржи третата позиција која ја изгуби откако беше казнет од стујардите по трката.

Нандо првично се искачи на својот јубилеен 100ти подиум, но доби казна од 10 секунди по трката со што падна на четврта позиција. Причина за пеналот беше тоа што тој не ги отслужил сооветно првите 5 секунди кои му беа доделени откако не се позиционирал правилно на стартот од трката.

Мислам дека казната за Фернандо беше престрога. Тој заслужи да биде на подиум и да го добие трофејот – призна младиот британец од мерцедес.

Алонсо најпрво доби казна од 5 секунди поради тоа што неправилно бил наместен на стартот. Ја отслужи казната во својот единствен влез во боксотза време на безбедносното возило предизвикано од неговиот колега, но се чини дека механичарите почнале да менуваат гуми пред истекот на 5те секунди. На Расел прво не му беше кажано за отслужувањето на казната, но потоа тимот му даде наредба да ја намали разликата бидејќи се чека сеуште на одлука.

Имаше мала конфузија околу казната на Фернандо од пет секунди и не сакав да се бориме меѓу себе и да загубиме од Фернандо. Сакав да ги сочувам гумите, но и да останам во близина за да има фер борба при крајот.

Тимот подоцна му даде наредба на Расел да остане во разликата од 5 секунди, но Алонсо ја зголеми на 5.1 секунда на крајот на трката. Сепак, казната по крајот на Гранд При-то беше 10 секунди и Расел комотно го освои 3то место, а за само 3 десетинки ќе профитираше и Луис Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ