Расел бара Мерцедес да престанат со експериментите

Иако Мерцедес се опоравија од разочарувачките квалификации и обезбедија прв двоен подиум сезонава во Франција, Џорџ Расел бара од тимот да престане со експериментите.

Сепак, тој признава дека не е лесно со оглед на тоа што тимот сè уште се обидува да ги разбере сите карактеристики на W13. Мерцедес пристигна на патеката Пол Рикар верувајќи дека имаат шанса за победа на трката. Тие надежи беа уништени во квалификациите кога Луис Хамилтон и покрај тоа што беше на 4то место, закаснуваше 9 десетинки од кругот за пол позиција, а Расел уште дополнителни четири десетинки.

Тие, сепак, не беа во конкуренција за победа, бидејќи Макс Верстапен ја заврши трката со удобна разлика од 10 секунди. Расел верува дека Мерцедес си наштетуваат себеси со тоа што прават премногу експерименти за време на тркачките викенди.

Кога сте толку далеку од темпото, сакате да испробате сè на вашиот болид за да се обидете да ја намалите разликата.

Можеби тоа е лекција за нас, дека треба речиси да се фокусираме на себе и навистина да се фокусираме на обидот да го извлечеме максимумот од болидот, наместо да експериментираме премногу.

Но, треба да експериментираме во овој момент за да видиме што функционира, а што не. Во моментов е малку незгодна ситуација.

Викендов, со подобрувањата за W13, експериментите на Мерцедес вклучуваа задни крила, а тренинг сесиите на Хамилтон се покажаа залудни бидејќи крилото со најголема потисна сила создаваше премногу отпор, додека верзијата со помалку потисна сила ги чинеше многу време во свиоците. Расел сè уште е уверен дека и покрај недостатокот во квалификациите Мерцедес се движат во вистинската насока.

Дефинитивно постои оптимизам затоа што се чувствуваме како да имаме насока во која треба да продолжиме и мислиме дека ќе направиме добар напредок.

Во квалификациите го имате најјасното темпо во споредба со вашите ривали и очигледно е малку тешко кога ќе видиме колку бевме далеку од пол позиција.

Но во трката имаме побрз болид отколку во просек оваа сезона.

Мерцедес останува на третото место во шампионатот за конструктори со 270 бодови, 126 зад водечките во шампионатот, Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ