Расел воодушевен по својата деби пол позиција

Џорџ Расел ја обезбеди дебитантската пол-позиција во Формула 1 по квалификациите за Големата Награда на Унгарија, откако британецот изгледаше навидум без решение по тешкиот петок за Мерцедес.

Карлос Саинз првично изгледаше дека ќе ја освои пол позицијата, пред Расел да го постави најбрзото време од сите со круг од 1:17.377, предност од 0.044 секунди пред Ферари. Имајќи предвид дека петокот се покажа како голем предизвик за Мерцедес, Расел беше воодушевен што се врати толку силно.

Јас сум воодушевен, едноставно ќе ми експлодира главата – вели Расел.

Вчера беше нашиот веројатно најлош петок во сезоната, а сите минатата ноќ работеа толку напорно. Не знаевме навистина во која насока да одиме.

Во тој последен круг, после секој свиок кругот беше се подобар и подобар.

Се приближив кон финиш линијата, погледнав во екранот и видов дека освоивме пол позиција и тоа беше неверојатно чувство.

На прашањето дали резултатот значи дека Мерцедес се вратил во форма, Расел призна дека е прерано да се каже, но вети дека тимот ќе даде се од себе на неделната трка.

Треба да разгледаме и да разбереме од каде дојде формата денес. Имаме неколку идеи, но на крајот на денот нема бодови за квалификации.

Генерално имаме добро темпо на трката, но ферари изгледаа многу брзо во петокот. Апсолутно ќе се залагаме за највисок резултат, но како и да е, ова е прилично посебен ден, без сомнение.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ