Расел го предупредува Леклер: Научи да се браниш!

Возачот на Мерцедес беше незадоволен од некои од дефанзивните потези на Шарл Леклер на патеката.

Џорџ Расел тврди дека дефанзивното возење на Шарл Леклер било сомнително и дека некои од неговите потези биле на границата од она што е прифатливо.

Возачот на Мерцедес беше блиску до Леклер во воведниот стинт на трката со мека гума откако тимот сакаше тој да се искачи низ гридот во раните фази на трката.

Расел на крајот влезе во бокс по 28 круга за сет на медиум, кога се најде зад возачот на Ферари. Дуото накратко се тркаше за позиција на патеката, при што Расел успеа да го помине Леклер и на крајот да стигне до петтото место.

Се чувствував добро на тие гуми. Возев 28 круга на една секунда од болидот пред мене.

Можев да продолжам уште повеќе доколку имав чист воздух, се чувствував навистина добро на таа гума и чувството беше добро во нашиот болид.

Расел остана незадоволен од возењето на Леклер кога тој се обиде да го помине, но не чувствува дека тоа влијаело на неговата трка:

Дадов се од себе да го престигнам Шарл, но имаше сомнителна одбрана од негова страна.

Но, тоа немаше да ми ја промени трката.

Веројатно и двата болида на Мекларен влегоа во бокс за да ме покријат. Значи, сепак ќе завршев петти.

Расел: Возењето на Леклер очигледно не е дозволено

Расел елаборираше за овој потег, тврдејќи дека аспектите на одбранбеното возење на Леклер очигледно не се дозволени во правилата.

Тоа беше во зоната за сопирање во свиокот 16. Сакав да влезам од внатре и точно во зоната на сопирање тој се помести агресивно.

Тоа очигледно не е дозволено во правилата. Кога ќе добиете една можност за претекнување, а Леклер не доби никакво предупредување за тоа, тоа е малку фрустрирачко.

Беше на самата граница. Треба повторно да погледнам видео. Или можеби беше малку над границата, но не сум премногу загрижен за тоа во моментов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ