Расел е втор возач на Мерцедес што ќе менува мотор викендов

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, ќе промени мотор на неделната трка за Големата награда на Америка и тоа ќе му донесе казна поради пречекорување на бројот на мотори кои ги користи сезонава.

За младиот британец тоа ќе биде 4ти мотор за 2021 година и поради тоа ќе тргне од задниот дел на гридот.

Во пресрет на трката во Остин тој го имаше искористено максималниот број од сите компоненти, моторо со внатрешно согорување, турбо полначот, кинетичкиот МГУ-К, топлинскиот МГУ-Х, батеријата за складирање на енергијата како и контролната електроника, така целосно нов мотор дефинитивно ќе го симне на послендото стартно место.

Уште вчера вечер во Вилијамс се работеше на промена на моторот за да почне од првата тренинг сесија во Петок со нов агрегат. Мерцедес, репер во однос на моторите во турбо хибридната ера, покажува знаци на проблеми за издржливоста сезонава.

Фабричкиот тим веќе отслужи една казна за мотор за Луис Хамилтон и две за Валтери Ботас, а на претсојниот викенд, нов мотор и казна за истиот веќе потврди и Себастијан Фетел и Астон Мартин. Нов мотор во Русија доби Николас Латифи откако имаше пневматски проблем во неговиот, исти онаков со каков што Расел се судри на Штаерското Гранд При.

И Мекларен менуваа мотори на последната трка, а нов агрегат на Мерцедес доби Даниел Рикардо и не успеа да напредува низ падокот, така што од сите возачи на Мерцедес, единствено Ландо Норис и Ленс Строл не отслужиле казна за нов мотор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ