Расел задоволен: Брзи или бавни, доаѓаме до подиум

Џорџ Расел ја продолжи својата серија подиуми во првата сезона со МЕрцедес откако обезбеди 4ти пласман на подиум во последните пет трки, овој пат на Италијанското Гранд При.

Секоја трка која годинава младиот британец ја заврши беше во поени што значи дека во моментов е на 4то место во поредокот со амо 7 поени негатива зад Серхио Перез во возачкиот шампионат на шест трки пред крајот. Секако дека тој беше задоволен од денешниот исход, но не е задоволен од проблематичните перформанси на В13 болидот.

за жал викендов не бевме онаму каде што сакавме со брзината како екипа, но како што реков на радиото, без оглед дали сме брзи или бавни, завршуваме на подиум. 

во текот на овие три последователни трки, два беа многу тешки за нас и сепак успеав да дојдам на подиум на тие две, а на третата на 4то место, така што мора да сме задоволни од тоа – посочи џорџ.

На квалификациите Расел беше само 7ми, но беше промовиран во првиот ред поради казните на возачите пред него. Иако успеваше да фати приклучок со оние пред него, немаше шанса да ги стигне и да се бори со нив, а промената на хард не му се исплатеше.

извадивме максимум за позицијата на која се наоѓавме, а ред бул и ферари денеска беа пребрзи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ