Расел за новините кои Мерцедес ќе ги донесе во Имола

Мерцедес се подготвува да донесе многу новини на трката на Имола, во Емилија Ромања, која е следна во календарот со надеж дека истите ќе додадат куп перформанси на нивниот неубедлив В14 болид.

Сепак, Џорџ Расел демантира дека новините кои “сребрените стрели“ ги планираат за Имола целосно ќе го променат болидот и перформансите. “Сребрените стрели“ во моментов се борат со Астон Мартин и Ферари за 2то место во конструкторскиот поредок откако се покажа дека Ред Бул се недостижни.

По пет трки сезонава, Мерцедес се 3ти во поредокот со 96 освоени поени и тоа на само 6 заостаток од Астон Мартин кои имаа четири подиуми на првите пет трки, додека Мерцедес имаше само еден подиум, оној на Хамилтон во Австралија.

Новиот пакет на тимот кој ќе дебитира во Емилија Ромања вклучува нова суспензија и елементи од шасијата.

има големи очекувања за имола, но завршувме 30 секунди зад победниците во мајами и доста сме зад астон мартин и фернандо. секако дека ќе направие чекор во вистинска насока, но секако дека нема работите драстично да се сменат.

во моментов болидот е по малку непредвидлив и се надеваме дека новините ќе ги надминат нашите очекувања следната трка – посака расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ