Расел искрен: Не заслужувам старт од второ место

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од првиот ред поради казните на возачите кои се квалификуваа пред него, но е реален дека имал фрустрирачка сесија и не заслужува да стартува од 2ро место.

Младиот британец постави 6то време на Монца, финишираше зад Луис Хамилтон, но го делеа огромни 1,3 секунди од пол позицијата. Сепак, казните на Карлос Саинз, Макс Верстапен и Серхио Перез значеа дека тој ќе тргне од 2ро место, односно првиот ред, веднаш до Шарл Леклер.

Расел посочи дека не успеал да извади се од болидот и не успеал да го оптимизира пакетот викендов поради што имал слабо време.

не заслужуваме да стартуваме од 2ро место согласно денешните перформанси. имавме фрустрирачки квалификации затоа што не можеме да го подесиме болидот оптимално.

првиот тренинг во петок беше одличен, следните два беа полоши. првиот сегмент од квалификациите исто така беше добар, бевме на неколку десетинки од ферари, потоа беше полошо и последниот сегмент беше најлош.

но, така е цела сезона, а не ми се верува дека по стартот од второ место ќе имаме доволно брз болид за да се тркаме со макс од ред бул и шарл од ферари.

Променливите перформанси и однесување на В13 болидот е фрустрирачки за двајцаата возачи кои не може да бидат задоволни што Мерцедес не го решиле проблемот толку доцна во сезоната. Џорџ е свесен дека тимот е до никаде во однос на квалификациските перформанси, но смета дека има добар болид на трка кој може да донесе и подиум.

би сакал да знам што ни ги предизвикува проблемите. ги имаме најдобрите инженери кои работат за тимот секој ден без престан за да разберат зошто нашите перформанси се толку променливи, но сеуште немаме одговор и поради тоа сме разочарани.

за никаде сме во сабота во однос на перформнсите, многу заостануваме зад најбрзите, блиску сме до средината, но барем на трка сме силни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ